Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ турнирот во Шангај ќе го стартува против тенисер со кој досега никогаш претходно не се сретнал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Противник на Новак ќе биде Американецот Алекс Микелсен. Микелсен денеска го победи Кинезоте Јунаокете Бу кој во Пекинг пред неколку дена приреди сензација и играше полуфиналето.
Микелсен до победата дојде со 2:0 во сетови со по 6:3 и 6:4. Ѓоковиќ и Микелсен ќе се сретнат во сабота наутро во терминот од 04:00 часот по средноевропско време.
Во првото коло Ѓоковиќ беше слободен и ова ќе биде негов прв меч на турнирот.