Дома Останати Тенис Ѓоковиќ сигурно чекори кон нова титула – ниту Хуркач не беше закана!

Ѓоковиќ сигурно чекори кон нова титула – ниту Хуркач не беше закана!

Првиот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот од серијата 500 во Дубаи откако во два сета го совлада Хуберт Хуркач со 6:3 и 7:5.

Не му беше лесно на Ѓоковиќ како во претходното коло, но сепак дојде до победата. Се доби впечаток дека Новак одигра токму колку што му е потребно за да слави. Против 11-тиот тнисер во свет Ѓоковиќ до победата дојде за 80 минути.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Она што посебно може да го радува Ѓоковиќ е што добро сервираше. Во целиот меч не дозволи ниту една брејк топка и требаше само да ги искористи своите шанси.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Борна Чориќ и Данил Медведев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Готово: Алкараз донел конечна одлука за Ролан Гарос

Беше под знак прашалник, но Карлос Алкараз и дефинитивно ќе настапи на Ролан Гарос во Пари…