Новак Ѓоковиќ во првото коло со максимални 3-0 по сетови 6:3, 6:2, 6:3 го совлада Американецот Мичел Кругер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Овој меч беше прв меѓусебен помеѓу овие двајца тенисери, а Американецот само на почетокот од првиот сет беше конкурентен. Кругер во третиот гем стигна до брејк, но Ѓоковиќ веќе во наредниот возврати со иста мера,а после тоа Србинот немаше никакви проблеми до крајот на мечот.
Денешниот натпревар беше тристотиот кој Новак го одигра на Грен слем турнирите. На тој начин Ноле стана вториот тенисер кој успеал во тоа во ерата на Опен турнирите.
Во „клуб 300“ се наоѓа уште и Роџер Федерер кој има одиграно 394 меча. Нареден ривал на Ноле ќе биде Вилфред Цонга, француски тенисер против кој српскиот играч има играно 24 пати.
.@DjokerNole ➕ #AusOpen = ❤️#AOChampion pic.twitter.com/mBbyBH7XtI
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 15, 2019