Дома Останати Тенис Ѓоковиќ победи со пресврт и закажа полуфинале против Надал!

Ѓоковиќ победи со пресврт и закажа полуфинале против Надал!

djokovic

Прва победа на српскиот тенисер оваа сезона! Закажан е дуел со Надал!

Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Рим откако го совлада Кеи Нишикори после голема борба и пресврт 2:6, 6:1 и 6:3!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Србинот не започна добро, изгледаше дека Новак ќе го загуби овој меч. Нишикори поведе со 4:1 со два брејка и лесно го приведе првиот сет кон крајот.

Потоа Ѓоковиќ како да експлодираше! Започна многу подобро во вториот сет имаше предност од 4:0, го доби сетот со 6:1 и можеше да се забележи дека е максимално мотивиран.

Во третиот сет Ѓоковиќ стигна до предност од 2:1 со еден брејк, но Нишикори веднаш возврати, егал беше се до седмиот гејм од третиот сет кога Србинот направи нов брејк и стигна до предност од 3:4. Набрзо поведе и со 3:5 во можеби одлувачкиот гејм во кој Новак спаси една брејк топка.

Веќе во следниот видовме нов брејк на Ѓоковиќ за меч против Рафаел Надал после повеќе од една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот …