Дома Останати Тенис Ѓоковиќ експрено елиминиран во Мајами!

Ѓоковиќ експрено елиминиран во Мајами!

Новак Ѓоковиќ не успеа да го помине второто коло на турнирот во Мајами.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ ескпресно е елиминиран од Мајами откако во рамките од второто коло на турнирот беше поразен од Бено Пер со 2:0 во сетови 6:3 и 6:4.

Новак добро започна во Флорида и изгледаше како да ја има контролата во првите неколку гејмови, но Французинот одлично парираше.

Меѓутоа еден гејм беше пресвртница. При резултат 3:3 во првиот сет одигра катастрофално и целосно ја изгуби енергијата. Пер беше во налет и направи серија гејмови со кои стигна до водство сетови, за сериозно да се закани и на почетокот на вториот.

Тој напад Ѓоковиќ го преживеа, а и кога претрпе нов брејк за 4:2 успеа да се врати. Сепак, тој добар период беше краткотраен, во финишот повторно падна и доживеа нов пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познато е кога Карлос Алкараз ќе се врати на теренот

Карлос Алкараз во Барселона се здоби со непријатна повреда на тетивата поради која ќе пауз…