Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска загуби сет од французинот Гаел Монфис, но сепак се пласираше во третото коло на Австралија Опен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓоковиќ на пеколни +40 во Мелбурн го совлада Монфис со 3:1 во сетови после два саати и 46 минути игра. И двајцата тенисери играа тешко во првиот сет поради пеколните температури, па во првите седум гејма видовме дури пет брејка. Во таа ситуација подобро се снајде Монфис кој славеше со 6:4 во првиот сет и поведе со 1:0.
Сепак, од тој момент Ѓоковиќ заигра многу подобро и го доби вториот сет со 6:3. Ноле беше потполно доминантен и во третиот сет, направи три брејка и го освои со 6:1.
Французинот добро се држеше во четвртиот сет, но сепак попушти во осмиот гејм кога Ноле направи брејк, а подоцна со мали потешкотии го освои својот сервис гејм и славеше со 6:3. Ова за Новак е 60. победа на Австралија Опен, а моментално има скор од 15-0 против Монфис.
Ѓоковиќ во 3. коло ќе игра против шпанецот, Алберто Рамос-Винолас кој се наоѓа на 22. позиција на АТП листата.