Дома Трансфер зона „Ѓаволите“ тргнуваа по фантастичниот Бразилец спремни да понудат и 45 милиони евра!

„Ѓаволите“ тргнуваа по фантастичниот Бразилец спремни да понудат и 45 милиони евра!

malcom

Откако погреши со Хенрик Микхтаријан, Жозе Мурињо бара ново десно крило.

Според англиските медиуми, најголема желба на Португалецот е Малком (20) кој оваа сезона игра фантастично во дресот на Бордо.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Бразилецот оваа сезона на 20 натпревари успеа да постигне седум погодоци и да асистира на пет. Бордо за неговите услуги бара 55 милиони, но наводно од Јунајтед не сакаат да платат повеќе од 45 милиони фунти.

Малком е брз техничар, а има и страшен удар, тоа го покажа со неколку погодоци оваа сезона надвор од шеснаесетникот.

Позицијата која најмногу му одговара се страничните позиции. Планот на Јунајтед е да го купи во јнауари за сума од 45 милиони евра, но да го остави таму на позајмица до крајот на сезоната. Малком во Бордо пристигна минатата сезона од Коринтијас за сума од пет милиони евра.

На крајот се истакнува дека фудбалерот има вербален договор со клубот да не му прави проблем околу евентуален трансфер идното лето. Нема откупна клазула, но од Бордо му ветиле дека ќе му овозможат трансфер во некој од големите клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бензема се враќа во Европа

Карим Бензема по само неколку месеци поминати во Саудиска Арабија би можел да се врати во …