Дома Македонски спорт Мак баскет „Штрковите“ останаа без тројца: Меќиќ замина незадоволен, двајца испратени на позајмица

„Штрковите“ останаа без тројца: Меќиќ замина незадоволен, двајца испратени на позајмица

Актуелниот македонски шампион и единствен претставник во АБА регионалната лига, не бележи добри резултати на стартот од новата сезона поради што во клубот се одлучија да направат одредени промени.

Изминативе денови бевме сведоци на рокадите во состабот на МЗТ, а денес уште еден играч го раскина договорот со клубот, додека двајца се испратени на позајмица во Струмица.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бекот, Адем Мекиќ побара раскинување на договорот, со оглед на тоа дека е незадоволен од минутажата која ја има во МЗТ, така што клубот одлучи да му излезе пресрет. Меќиќ од почетокот на сезоната запиша четири настапи со просек од 3 поени по меч.

На позајмица се испратени Михајло Митев и Ранко Мамузиќ, кој во продолжението од сезоната ќе настапуваат за Струмица.

МЗТ од почетокот на месецот го ангажираше Доминик Мавра, Дејан Мајсторовиќ и Никола Павличевиќ, а клубот го напушти Брет Бејли по истекот на тромесечниот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …