Дома Фудбал Што се случува со Ѓулер? По третпат е повреден!

Што се случува со Ѓулер? По третпат е повреден!

Новајлијата во Реал Мадрид, Арда Ѓулер заработи нова повреда која е негова трета од доаѓањето во Шпанија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Турчинот дојде минатото лето како засилување за иднината на „кралевите“, во последен момент тој ја одби Барселона и го избра Реал Мадрид. Но, во Мадрид се соочува со многу проблеми со повредите.

Ѓулер веднаш заработи повредан а мускулот поради која паузираше два месеци, а потоа само што доби зелено светло ја обнови на тренингот.

Неговото враќање требаше да биде оваа недела и да игра против Брага во Лигата на шампионите, но повторно се повреди. Денес тоа го потврди Карло Анчелоти.

„Вистина е дека Ѓулер повторно се повреди, но не ја обнови претходната. Во прашање е задната ложа, не се загрижени, му кажавме да не брзаме, неговата иднина е светла во Реал Мадрид“, кратко истакна Анчелоти.

Според најновите информации, Ѓулер ќе паузира нов месец и неговото деби е одложено за декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фаворитот Шпанија се посрамоти против Зеленортските Острови

Првото големо изненадување на Светското првенство 2026 е факт! Европскиот шампион Шпанија,…