Дома Останати Тенис Што се случува со Ѓоковиќ, во што е проблемот?

Што се случува со Ѓоковиќ, во што е проблемот?

На трет турнир во низа Новак Ѓоковиќ го заврши настапот порано од очекуваното.

Во Индијан Велс победи еден противник, а во Мајами и Монте Карло по двајца. Така на три турнири само еднаш стигна до четвртфиналето.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Навивачите на српскиот тенисер оваа криза посебно ги загрижува затоа што дојде во период во кој Ѓоковиќ традиционално игра добро. Место да стигне до пети „Саншајн Дабл“ (титули во низа на Индијан Велс и Мајами) првиот тенисер во светот доживеа неочекувани и шокантни порази со очајна игра.

Пад во играта, проблеми со АТП раководството, семејни проблеми или фокусирање на Грен Слемови?

Ѓоковиќ тврди дека нема причина за паника, но ваква форма пред Ролан Гарос, единствениот Грен Слем кој не го освојувал повеќе пати е загрижувачка.

Како можни причини за лошата игра се наведуваат актвиности надвор од теренот. Имено, Ѓоковиќ се ангажираше да го смени првиот човек на АТП, Крис Кремод. Тоа веројатно му донесе многу стрес затоа што на спротивната страна ги имаше Роџер Федерер, Рафаел Надал и Стен Вавринка кои го поддржуваа Кремод. На крајот Кремод мораше да замине.

„Новак мрази да биде негативец и мислам дека ситуацијата со Кремод го погоди. Испадна како тој да е главниот човек кој сакаше да го замени Крис. Тука се Роџер и Рафа со своите фанови…Изгледаше како Ѓоковиќ да е единствен противник на Кремод и тоа го погоди“, изјави сонародникот и пријател на Ѓоковиќ, Јанко Типсаревиќ.

Се наведуваат и семејни проблеми…

„Во тенисот скоро се зависи од вашиот ум. Проблемите на Новак не се исклучиво спортски, поврзани се со неговото семејство. Така сметаат луѓе од неговото блиску опкружување. Тие проблеми толку го вознемируваат Новак што не може да игра на исто ниво како претходно“, изјави неодамна Војчех Фибак, поранешен тенисер.

Ѓоковиќ има 32 години, оженет и татко на две деце, повеќекратен рекордер на АТП и единствено што го дели од статусот најголем тенисер во историјата е бројот на Грен Слем титули. Можеби Мастерсите едноставно не му значат толку како порано, можеби единствен фокус му се Грем Слемовите и „бркање“ на рекордот на Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ја објасни разделбата со Иванишевиќ: Не знам дали ќе имам нов тренер

Новак Ѓоковиќ во Белград зборуваше за разделбата со Горан Иванишевиќ и истакна дека помеѓу…