Рафаела Пимента веројатно во овој момент е најмоќната жена во фудбалот, таа го презеде наследството од славниот Мино Раиола.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пимента го привлече вниманието со своето присуство на вчерашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Брага. Пред натпреварот таа беше забележана пред стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Со нејзиното појавување веднаш почна да се шпекулира дека Реал и Пимента преговараат за големо засилување.
Најголемото име во списокот на Пимента е Ерлинг Халанд кој игра одлично во Манчестер Сити. Во договорот на Халанд има откупна клазула од 180 милиони евра и таа важи од наредното лето само за клубови кои не се од Премиер лигата.
На Халанд му оди добро во Манчестер Сити, сепак кога е Реал Мадрид во прашање не може секогаш да се одолее на понудата.