Дома Фудбал Англија Што правеше Мурињо на натпреварот на Ливерпул?

Што правеше Мурињо на натпреварот на Ливерпул?

Eкипата на Ливерпул вчера на гостински терен против Фулам славеше победа од 1:3 и така ја продолжи трката со Манчестер Сити и Арсенал за врвот во Премиер лигата.

Ливерпул на крајот од сезоната ќе остане без тренерот Јирген Клоп кој претходно го потврди своето заминување.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Засега не е познато кој ќе го наследи Клоп, а како фаворит важи Рубен Аморим од Спортинг, Чаби Алонсо потврди дека останува во Леверкузен и тој повеќе не е опција. Но, вчера на трибините на стадионот на Фулам се појави едно интересно име – Жозе Мурињо!

Португалецот е без клуб по заминувањето од Рома и веќе најави дека нема долго да паузира. Поради тоа дел од островските медиуми го поставуваат прашањето – дали можеби Жозе е една од опциите за Ливерпул?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…