Дома Останати Ракомет Штербик: На гол ќе стојам и 12 часа, само не ме терај да дигам тегови и да трчам

Штербик: На гол ќе стојам и 12 часа, само не ме терај да дигам тегови и да трчам

Легендарниот Арпад Штербик поради пандемијата од коронавирусот одлучи пред време да ја заврши кариерата во која освои се што можеше да се освои.

Поранешниот голман на Вардар ќе остане запаметен како еден од најдобрите голмани во историјата, а со своите скоро 120 килограми цели две децении беше кошмар за противниците.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во една од своите изјави Арпад сега признава дека не бил некој голем работник кога во прашање се тренинзите.

„На голот можеш да ме оставиш и 12 часа и нема да имам проблем. Но, само не ме терај да трчам и дигам тегови, тогаш нема да бидам расположен. Не е тоа за мене, не ми се допаѓа“, изјави Штербик кој со Вардар ја освои Лигата на шампионите во 2017 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ…