Дома Фудбал Репрезентации Шпанија преголем “залак“, „петарда“ во нашата мрежа

Шпанија преголем “залак“, „петарда“ во нашата мрежа

Македонската репрезентација до 21 година загуби на стартот на Европското првенство од селекцијата на Шпанија и тоа со убедливи 5:0.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Овој пораз за момците на Милевски беше прв после 13 натпревари. Шпанците рано го отворија натпреварот уште во 10 минута, преку нивниот најскап играч Саул Нигез. Потоа следуваше ремек дело на фудбалерот на Реал Мадрид, Марко Асенсио, а за убедливо водство уште на полувреме се погрижи Делофеу кој реализираше удар од белата точка.

Во вториот дел Асенсио уште на два пати се запиша во листата на стрелци за конечните 5:0.

Сепак, во никој случај нашите момци не смеат да бидат разочарани со оглед на тоа што играа против првиот фаворит за освојувањето на турнирот во Полска.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Цените не биле толку скапи за сите: ФИФА добила над 500 милиони барања за билети за Мундијалот!

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, соопшти дека побарувачката за билети за Светското п…