Дома Останати Ракомет Шпанија постави нов рекорд на ЕП во ракомет

Шпанија постави нов рекорд на ЕП во ракомет

Ракометната репрезентација на Шпанија е новиот рекордер во однос на последователните победи на Европските првенства.

Со победата над Чешка (31:25) во првиот натпревар од втората групна фаза Шпанија стигна до седмата последователна победа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанците се актуелен шампион на Европа. Во 2018 година тие во завршницата ги совладаа Германија, Франција и во финалето Шведска со резултат 29:23.

Серијата победи продолжи во 2020 година. Во првата групна фаза паднаа Латвија, Германија и Холандија, а вчера беше совладана и Чешка.

Следниот противник за Шпанија ќе биде еден од домаќините на турнирот, репрезентацијата на Австрија. Тој натпревар се игра во сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…