Дома Топ вести Шокантни вести од Мадрид: Искусниот дефанзивец принудно става крај на кариерата?!

Шокантни вести од Мадрид: Искусниот дефанзивец принудно става крај на кариерата?!

Aвстриецот Давид Алаба кога е подготвен важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот, но веќе долго време е надвор од терените.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Алаба кој е и капитен на австриската репрезентација требаше да се врати месецев, но во шпанските медиуми се пишува дека се појавиле компликации околу неговата ситуација.

Најдалеку отиде „Онда Серо“ кој пренесува дека дефанзивецот на „кралевите“ би можел да ја заврши кариерата.

„Постојат стравувања дека Алаба нема да се врати на фудбалот. По секој тренинг чувствува силна болка затоа што му е истрошена рскавицата на коленот о и поради тоа доаѓа до триење на двете коски“, пишува медиумот.

Последен пат Алаба за Реал Мадрид настапи на 17 декември минатата година против Виљареал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…