Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан може да биде надвор од терените во следните шест недели поради повредата што ја заработи на натпреварот против Нотингем Форест минатиот викенд, пренесува „Скај Спортс“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ова е уште еден удар за Тен Хаг, откако поради повреди се надвор од терените уште двајца дефанзивци, Лук Шо и Тајрел Маласија.
Варан е лидер на одбраната на „црвените ѓаволи“, па неговото отсусво сигурно многу ќе влиае на играта.
Поради тоа не е исклучено Манчестер Јунајтед да ја стопира продажбата на Мегваер во летниот преоден рок.