Анет Контавејт, која лани се најде на второто место на ВТА листата, објави дека на 27 години ја завршува кариерата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Причина за ваквата одлука е повредата на грбот, која ја спречува Естонката да тренира и да игра нормално. Нејзиниот последен турнир ќе биде Вимблдон.
„Ја завршувам кариерата како професионален спортист. По неколку посети на лекари и консултации со мојот медицински тим, беше утврдено дека имам проблем со диск во долниот дел на грбот, што ме спречува да се натпреварувам понатаму – напиша Контавеит.
Естонката истакна дека е горда на се што направила во кариерата.
Го донесов знамето на Естонија на тениските терени и играв пред навивачите ширум светот. Подготвена сум за нови животни предизвици, по Вимблдон, каде што ќе направам се за да постигнам добар резултат – заврши Контавеит.
Естонката во кариерата освои шест титули. Има 388 победи и 200 порази, а најголем успех на Грен слем турнирите и беше четвртфиналето на Австралија опен во 2020 година.