Дома Фудбал Шок за Барселона: Ѕвездата на Каталонците ја напушти репрезентацијата поради повреда

Шок за Барселона: Ѕвездата на Каталонците ја напушти репрезентацијата поради повреда

Фудбалерот на Барселона Фермин Лопез заработи повреда на тетивата, а од терените ќе отсуствува три недели.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа вест ја потврди неговиот клуб, славната Барселона, која ќе остане без него на неколку натпревари.

Фермин Лопез беше на собирот на младата шпанска репрезентација, но поради повреда мораше да го напушти.

Барселона изјави дека по дополнителните прегледи било потврдено дека младиот фудбалер на каталонскиот клуб има проблеми со тетивата поради што ќе биде надвор од терените три недели.

Во текот на летото Лопез (21) со селекцијата на Шпанија го освои Европското првенство во Германија, како и златниот медал на Олимписките игри во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо направи тензична атмосфер на прес-конференцијата: Погледнете што се случи (Видео)

Кристијано Роналдо создаде тензична атмосфера на прес-конференцијата пред натпреварот поме…