Дома Останати Тенис Шок во светот на тенисот: Иванишевиќ повеќе не е тренер на Ѓоковиќ!

Шок во светот на тенисот: Иванишевиќ повеќе не е тренер на Ѓоковиќ!

Речиси петгодишната соработка меѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ заврши по Мастерсот во Мајами.

Иванишевиќ му се приклучи на тимот на Ѓоковиќ во првата недела на Вимблдон во 2019 година и постигна бројни успеси со Новак, но помина и низ исклучително тешки моменти, како дисквалификацијата од УС Опен и депортирање од Австралија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот тренер има голема заслуга за подобрениот сервис на Ѓоковиќ во овој период, а заедно освоија осум-грен слем титули, не сметајќи го Вимблдон од таа 2019 година кога ја започнаа соработката.

Во текот на својата тренерска кариера, Иванишевиќ претходно соработуваше со Марин Чилиќ, Томаш Бердих и Милош Раониќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Баерн Минхен ваква сезона последен пат имал во 2012 година

Баерн Минхен за првпат по 12 години ќе заврши сезона без трофеј. Последен пат кога баварци…