Дома Фудбал Шок во Барселона: Познато колку ќе паузира Агуеро

Шок во Барселона: Познато колку ќе паузира Агуеро

Серхио Агуеро на мечот со Алавес излезе од игра во првото полувреме поради проблеми со дишењето.

Потоа во болница му беше дијагностицирана аритмија, а денес стана јасно колку време ќе биде надвор од терените.

Барселона денес преку официјално соопштение потврди дека Агуеро ќе паузира подолг период, конкретно три месеци.

Аргентинецот ќе остане уште неколку дена во болница додека не се утврдат причините поради кои довело до аритмија.

Барселона веќе има доволно проблеми, па ова е дополнителен удар за Каталонците кои ќе бидат три месеци без искусниот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…