Денеска тимот на Шкупи назначи нов директор. Во прашање е Флорин Муча кој од денеска и официјално е дел од чаирскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во клубот Муча пристигнува на местото на Дамир Ибриќ кој си замина на крајот на минатата година.
Сезонава Шкупи има за цел да ја врати титулата и е во блиска битка со Струга Трим Лум и Шкендија. Шкупи на табелата заостанува три бода зад актуелниот шампион Струга.
Чаирчани во актуелната сезона направија многу измени во играчкиот кадар, пристигна и тренерот Младен Жижовиќ кој го препороди Шкупи и до крајот ќе се бори за освојување на титулата.