Дома Фудбал Останато Шевченко во Скопје, доби македонски дрес

Шевченко во Скопје, доби македонски дрес

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години беше поразена од Украина со 2-0 во елитниот квалификациски турнир за пласман на ЕП кој се одржува во Скопје.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По тој повод во Скопје пристигна и легендарниот Андриј Шевченко, кој  сега прв човек на Фудбалската федерација на Украина.

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини му подари дрес од македонската репрезентација.

„Андриј е наш драг гостин. Заедно споделуваме искуства и на чести состаноци во УЕФА. Се заблагодари на гостопримството и на добрата организација на турнирот. Посакував престојот во Скопје да не мине резултатски позитивно за него, барем на првиот ден од натпреварите, но денешниот фудбал не простува грешки, а ние денеска наивно загубивме од Украина. Остануваме позитивни за преостанатите два меча од групата“, изјави Сејдини.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанија ја совлада Португалија во „последниот танц“ на Роналдо

Европскиот шампион Шпанија продолжува со настапите за светската титула, откако победи со 1…