Според последните најави Андреј Шевченко нема да биде долго без работа после отказот во Џенова.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Легендарниот Жорж Жесус неодамна си замина од тренерската функција, а тимот привремено го води Нелсон Верисимо. Бенфика е во потрага по нов тренер и големи се шансите за нов стратег да биде избран токму Шевченко.
Шевченко одлично ја водеше репрезентацијата на Украина, но со Џенова доби отказ после само девет натпревари во кои освои три бода.
Меѓутоа работата во Џенова не може да се земе како мерило за квалитетот на Шевченко. Џенова се мачи со играчкиот кадар, а каков тим има доказ е вчерашниот пораз од Фиорентина од 6:0.