Во репрезентацијата на Шведска воопшто не се задоволни од арбитражата на македонските судии во вчерашното полуфинале на Европското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Скандинавците истакнуваат две сомнителни одлуки на Николов и Начевски кои влијаеле директно на конечниот исход.
Еден од моментите е кога Франција на 15 секунди до крајот доаѓа до гол заостанување, а Шведска бара тајм-аут и не успева да ја заддржи топката до крај. Потоа го оспоруваат голот на Пранди по истекот на времето преку живиот ѕид.
Швеѓаните пишуваат дека Пранди ја мрднал левата нога и поради тоа се сигурни дека голот не требало да биде признат.
Во текот на денешниот ден ЕХФ треба да се огласи, но тешко е да се верува дека ќе им го исполни нивното барање за преигрување или повторување на последниот период.