Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Швајцарија за три натпревари во групата и осминафиналето прелетала 12.000 километри, Англија нула

Швајцарија за три натпревари во групата и осминафиналето прелетала 12.000 километри, Англија нула

Денес со осминафиналните натпревари стартува нокаут фазата на Европското првенство кое е посебно по неколку нешта, а едно од нив е дека се игра во различни држави.

Репрезентациите поради тоа мораа да ги менуваат дестинациите, ние игравме во Букурешт и во Амстердам. Меѓутоа за разлика од некои други селекции ние не патувавме премногу игравме два дуели во Букурешт, па третиот во Амстердам.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Репрезентацијата која помина најмногу километри досега на шампионатот е Швајцарија, тие прелетале 12.000 километри. Играа во Баку, Рим па повторно во Баку, сега се во Букурешт каде што ќе играат со Франција.
Велс е зад нив со 8.000 километри, играа во Баку и Рим, а осминафиналето ќе го играат во Амстердам. Шведска следува со нешто под 8.000 километри (играа во Севиља и Ст.Петерзбург), а сега со Украина ќе се сретнат во Глазгов.

Единствената репрезентација која не патуваше никаде е Англија. „Гордиот Албион“ сите три дуели ги одигра на „Вембли“, каде што ќе го играат и осминафиналето против Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Најдобриот стрелец во историјата на Франција се повлекува од репрезентацијата

Францускиот голгетер Оливие Жиру објави дека заминува во репрезентативна пензија по Европс…