Дома Фудбал Останато Шаќири за неговиот идол: Во 1998 плачев поради Роналдо, во 2002 се ишишав како него

Шаќири за неговиот идол: Во 1998 плачев поради Роналдо, во 2002 се ишишав како него

Фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Швајцарија, Џердан Шаќири во интервју за англиските медиуми откри дека Бразилецот Роналдо бил неговиот фудбалски идол.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шаќири призна дека ја ископирал фризурата која Роналдо своевремено ја носеше на Светското првенство во 2002 година.

„Роналдо секогаш беше мој идол. Дури еднаш се ишишав како него. Се сеќавате на фризурата од 2002 година? Ех, ја имав и јас. Сите во школо се шокираа кога ме видоа со таква фризура. Тогаш на него гледав како на идол. Кога изгубија од Франција во финалето на Светското првенство 1998 година плачев дома. Не ми беше жал за Бразил, ми беше жал за Роналдо“, изјави Шаќири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Олисе и Баерн сакаат состанок, причината е – Реал Мадрид?

Мајкл Олисе сака состанок со челниците на Баерн Минхен по завршување на Светското првенств…