Дома Македонски спорт Чурлинов потврди: Шалке и Штутгарт не се договорија

Чурлинов потврди: Шалке и Штутгарт не се договорија

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Чурлинов како што стојат работите се враќа во Штутгарт после позајмицата од Шалке откако двата клбуа не се договорија за оштетата.

Шалке имаше желба да го задржи Чурлинов, меѓутоа бараните три милиони од Штутгарт беа премногу за нив. Потоа се појави опција за позајмица, но сепак на крајот и од тоа не испадна ништо.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Чурлинов призна дека во Шалке му било одлично, но сега ќе даде се и за Штутгарт.

„Одлично ми беше во Шалке, уживав со навивачите. Но, кога Шалке не успеа да се договори со Штутгарт се враќа во Штутгарт каде што имам уште две години од договорот. Ќе даде се од себе за да ги исполниме целите“, изјави Чурлинов за германските медиуми.

Во Шалке Чурлинов имаше солидна сезона во која постигна два гола и забележи шест асистенции, поголем дел од асистенции беа во клучниот период за Шалке кога ја обезбедуваше промоцијата во Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

„Кога дојде Милевски, го сменија и шоферот затоа што бил од времето на Мрме“

Бобан Николов кој одреден период не добива повик во репрезентацијата на Македонија беше го…