Дома Македонски спорт Мак фудбал Чудна ситуација во Вардар: Го победија Пелистер, па останаа без тренер!

Чудна ситуација во Вардар: Го победија Пелистер, па останаа без тренер!

Вардар вчера го победи Пелистер, а веќе денес пристигна неочекувана вест, си замина тренерот Горзад Михаилов.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во соопштението на социјалните мрежи Вардар објави дека Михаилов кој пристигна минатата полусезона заминува поради лични причини.

„Фудбалскиот клуб Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михаилов, досегашниот шеф на стручниот штаб, поднесе оставка на функцијата и повеќе нема да ги предводи црвено-црните. Тој си заминува поради приватни причини, а со раководството на клубот во пријателски однос е постигнато взаемно прифатливо решение. Во името на клубот, му се заблагодаруваме за ангажманот, за сите победи, но и за тоа што кога беше тешко, застана и ја водеше екипата во најважните предизвици“, објави Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…