Дома Топ вести Чуден е модерниот фудбал: Трансферот на Дибала пропаднал поради бизарна работа

Чуден е модерниот фудбал: Трансферот на Дибала пропаднал поради бизарна работа

Веќе навикнавме во модерниот фудбал да бидеме сведоци на чудни ситуации поради финансиски причини.

Паоло Дибала долго време се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, а потоа и со Тотенхем. Изгледаше дека „петлите“ ќе успеаат во последниот ден од преодниот рок да го доведат фудбалерот на Јувентус затоа што „старата дама“ ја прифатила нивната понуда, меѓутоа тој трансфер пропадна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И причината затоа што пропаднал овој трансфер е навистина чудна.

Јувентус остана без добра заработка, а Тотенхем без големо засилување и тоа не било поради некоја од трите страни (Тотенхем, Јувентус, Дибала) туку поради „имиџ-правата“ на Аргентинецот.

Менаџерот на Дибала барал дури 14 милиони евра за имиџ-правата на ликот на Дибала кој би бил користен во комерцијални цели и Тотенхем не бил во можност да го да го исполни тоа. Не биле проблем парите, туку проблем било што во Англија закон за такви права не постои.

Но, има и нешто уште поинтересно.

„Имиџ-правата“ Дибала ги продал на неговиот поранешен менаџер и тие содржат 15 заштитни знака. Тие се во сопственост на компанија од Малта под име „Стар Имиџ Лимитед“. Дибала има право да креира содржини со тие и да добива процент, меѓутоа цената за која тие ќе бидат продадени не ја одредува тој, туку споменатата компанија.

Модерен фудбал…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…