Изгледа денес е ден за отстранување на некои големи дилеми, по потврдата за заминувањето на Арсен Венгер, добиваме и одговор на уште едно големо прашање – ќе игра ли Златан Ибрахимовиќ на Светското првенство во Русија?
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ибрахимовиќ неодамна на големо зборуваше за можностите да настапи на Мундијалот, дури и најави дека има големи шанси да настапи, а денес по повод ова прашање зборуваше човекот кој одлучува, селекторот на Шведска.
Селекторот на Шведска, Андерсон потврди дека Златан сигурно нема да биде во Русија како репрезентативец на Шведска.
„Не, апсолутно не! Тој веќе кажа дека нема да игра и се договоривме. И другите играчи кои се простија од репрезентацијата не се во плановите за Мундијалот. После Европското првенство во Франција заедно со Златан се простија уште неколку играчи и тоа го почитувам. Не можам да ги разберам гласините во медиумите и она што Ибрахимовиќ го зборува“, изјави Андерсон.
Да потсетиме, Шведска без Ибрахимовиќ е се избори за настап на Мундијалот и тоа откако во баражот ја исфрли Италија.