Дома Останати Тенис Чичкото на Надал го анализираше финалето на АО: Рафа беше само „храна“ за Ѓоковиќ

Чичкото на Надал го анализираше финалето на АО: Рафа беше само „храна“ за Ѓоковиќ

Поранешниот тренер и чичко на Рафаел Надал, Тони Надал направи анализа на финалниот меч на Австралија Опен кој неговиот внук го загуби убедливо од Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ го победи Шпанецот со 6:3, 6:2 и 6:2 и така го освои турнирот во Мелбурн седми пат во кариерата. Интересно е што српскиот тенисер одигра и исто толку финални натпревари.

Чичкото на Надал смета дека резултатот во финалето не ја покажува разликата во квалитет помеѓу двајцата тенисери.

„Ѓоковиќ својата игра во овој меч ја доведе до совршенство, а Рафа му беше како „храна“. Му честитам на Ѓоковиќ, сепак сметам дека резултатот не ја покажува вистинската разлика помеѓу нив двајца“, изјави Тони Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Медведев го помина првото коло во Пекинг

Данил Медведев го победи Пабло Карењо-Буста и се пласираше во второто коло на АТП турнирот…