Дома Фудбал Чиро Блажевиќ скршен од болка: Сите чекаа јас да заминам, а замина Златко…

Чиро Блажевиќ скршен од болка: Сите чекаа јас да заминам, а замина Златко…

Поранешниот селектор на Хрватска, Чиро Блажевиќ жали по Златко Крањчар, кој почина на 65-годишна возраст по кратка и тешка болест.

Блажевиќ во изјава за хрватските медиуми кажа дека бил запознаен со здравствениот проблем на поранешниот напаѓач на Динамо Загреб, но не очекуваше таков фатален исход.

„Не можам да станам од кревет. Ме изненади веста. Навистина не знам што да кажам. Се слушнав со неговиот доктор пред неколку дена и знаев дека е лошо, но не знаев дека е во толку лоша состојба. Сите чекаа јас да заминам, а си замина Златко… Многу сум тажен“, кажа Блажевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…