Дома Фудбал Останато Чеферин со жесток одговор до Ањели: Тој човек е фудбалскиот Владимир Путин!

Чеферин со жесток одговор до Ањели: Тој човек е фудбалскиот Владимир Путин!

Oткако денес се појави веста дека Ањели повторно има намера да го оживее проектот за Суперлигата стигна одговор од УЕФА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин го нарече Ањели фудбалскиот Владимир Путин.

„Уште еднаш ќе повторам – секој клуб кој ќе сака да игра во ново натпреварување, Суперлига или без разлика како тоа ќе се вика ќе нема право за настап во натпреварувањата на УЕФА. Основачите на оваа глупава бесмислена идеја само бараат начин за поголема заработка. Ми здосади да се зборува за овој антифудбалски проект“.

„Прво сакаа да го започнат во сред пандемија, а сега одново се обидуваат во време на војна. Андреа Ањели е обичен диктатор, тој е фудбалскиот Владимир Путин. Тој човек нема срам, дури ниту војната не го допира. Како да живее во некој друг универзум“, изјави Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сензација во атлетиката: Падна светскиот рекорд на 110 метри! (Видео)

Американскиот атлетичар ЏаКоби Тарп го постави новиот светски рекорд во трка на 110 метри …