Дома Фудбал Останато Aњели и Перез повторно работат на формирање на ново натпреварување?

Aњели и Перез повторно работат на формирање на ново натпреварување?

Откако минатата година проектот пропадна пред да се реалзира, претседателот на Јувентус Андреа Ањели не се откажува од проект за нова Суперлига, пренесува „Газета дело Спорт“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во април минатата година проектот Суперлига оживеа на 48 часа, но згасна откако УЕФА жестоко се спротистави. Главни иницијатори за овој проект беа претседателите на Јувентус и Реал Мадрид, Андреа Ањели и Флорентино Перез. И покрај заканите од УЕФА дека можат да бидат исфрлени од нејзните натпреварувања двата гиганти на европскиот фудбал не се откажуваат.

Новото натпреварување кое го планираат Перез и Ањели наводно би се играло со 24 клуба, но не е познато по кој критериуми би се обезбедувал пласман. Не е откриено за каков формат се работи, но се потенцира дека е поразличен од планираната Суперлига.

Каков и да е планот, многу веројатно е дека УЕФА повторно ќе се спротистави затоа што ќе станува збор за натпреварување кое не е под нејзина надлежност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо, Меси и Џеко во нападот: Еве како изгледа највозрасниот тим на Мундијалот (Фото)

Светското првенство ќе започне на 11 јуни со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка, а пр…