Вчера Манчестер Сити ја освои четвртата последователна титула на шампионот на Англија, а четворицa фудбалери кои оваа сезона го носеа дресот на „граѓаните“ нема да добијат медали.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, според правилата на Премиер лигата, освојувачот на шампионската титула добива 40 медали, кои се делат меѓу играчите и членовите на стручниот штаб.
Медалот по правило го добиваат играчи кои имаат најмалку пет настапи во една сезона, а тој критериум го исполниле 21 фудбалер на Сити.
Но, она што е уште поинтересно е што четворица фудбалери не го исполнија тој критериум.
Ѕвездата на Челзи, Кол Палмер, кој има 22 гола и 10 асистенции оваа сезона, ја започнакако играч на Сити и забележа еден настап пред да се пресели во лондонскиот клуб.
Палмер играше во натпреварот од првото коло против Барнли, а интересно е што тоа беше и единствениот настап за Емерик Лапорт, кој по тој меч се пресели во саудискиот Ал-Наср.
Еден настап забележа и Џејмс Мекати, по што беше позајмен во Шефилд Јунајтед, а за медалот најмногу ќе жали Калвин Филипс.
Репрезентативецот на Англија во есенската полусезона одигра четири од вкупно 21 натпревар. Во тие преостанати 17 натпревари седеше на клупата за резервни играчи, а Пеп Гвардиола не го користеше.
Потоа беше позајмен во Вест Хем во јануари, што значи дека му недостасуваше само еден натпревар за да добие медал.