Дома Останати Ракомет Червар: Не треба од Лазаров да се бара пласман во следната фаза

Червар: Не треба од Лазаров да се бара пласман во следната фаза

Maкедонија ја очекува тешка задача во групата А на Европското првенство во Германија каде што покрај домаќинот во нашата група се уште Франција и Швајцарија.

Избраниците на селекторот Лазаров ги очекува тешка задача, а така смета и искусниот стратег Лино Червар.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Хрватскиот тренер истакна дека во овој момент не е коректно да се бара од Лазаров поминување на групната фаза.

„Тешко ќе се спротистави Македонија на Франција и Германија. Не би било коректно од Лазаров да се бара пласман во следната фаза. Македонија евентуално може да ја победи Швајцарија. Навивачите можеби зборуваат поинаку, но тоа не е реалноста“, изјави Червар.

Македонија денес од 18:00 часот го игра првиот натпревар и тоа против Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Еден од милениците на скопската публика и освојувач на ЛШ со Вардар заминува во пензија

Еден од најдобрите хрватски ракометари на сите времиња, Иван Чупиќ, по завршувањето на ова…