Второто коло од Лигата на шампионите почна со сензација. ППД Загреб со Лино Червар на клупата го совлада фаворизираниот шампион на Германија Флензбург и тоа во Норд Арена.

Конечниот резултат е 31-29 (16-16) за ППД Загреб, а нов јунак и играч за кого ќе слушаме дека е пронајдок на Лино Червар е Давид Мандиќ. Тој постигна осум гола од девет обиди и заедно со Иван Сршен кој пак погоди седум шута од осум обиди го одведе Загреб до големиот триумф.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Германскиот шампион водеше со 1-0 и 2-1 и тоа беа единствените моменти во кои имаа предност. Се друго беше во знакот на хрватскиот првак и член на СЕХА. На полувреме Германците израмнија и за момент се чинеше дека се вратиле во игра, но веднаш на почетокот на вториот дел ППД Загреб преку споменатите Сршен и Мандиќ се врати во водство од 18-16 и веќе не ја испушти предноста.

Во првото коло на ЛШ, Флензбург го совлада Нант среде Франција, а ППД Загреб со промашен шут во последната секунда не успеа да се избори за реми на дуелот со Пик Сегед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Официјално: Закажан реванш од „борбата на векот“!

Oлександар Усик и Тајсон Фјури ќе имаат реванш борба на 21. декември во Саудиска Арабија, …