Дома Топ вести Челзи ја одби понудата од Интер за Канте

Челзи ја одби понудата од Интер за Канте

Антонио Конте е во потрага по засилување за Интер за наредната сезона, а најголема желба е Нголо Канте од Челзи.

Италијанците пишуваат дека иднината на Канте во Челзи е неизвесна па може да биде продаден. Конте според информациите е воодушевен од квалитетите на Французинот кој одлично го познава затоа што двајцата соработуваа на „Стенфорд Бриџ“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер веќе испратил прва понуда за Французинот, која била експресно одбиена од страна на Челзи.

Интер понудил трампа со Марсело Брозовиќ плус пари, на што „сините“ веднаш кажале НЕ. „Нероаѕурите“ се обиделе како дел од трансферот да го вклучат и Кристиан Ериксен, но Челзи ја отфрлил и таа можност.

Лондонскиот клуб е спремен да го продаде Канте, но само ако пристигне понуда помеѓу 60 и 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…