Челзи ќе потроши повеќе од 110 милиони фунти за трансферите на Рафиња и Рахим Стирлинг, што ќе бидат певи големи трансфери на новиот сопственик Тод Боли.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Сините“ изненадувачки брзо се договорија со Лидс за Бразилецот, кој беше една од големите трансфер цели на Арсенал, а интерес за него имаше и од Барселона.
Според англиските медиуми, двата клуба веќе се договориле за трансферната сума која ќе изнесува околу 60/65 милиони фунти. Клубот моментално преговара за личните услови на крилото.
Другиот крилен фудбалер кој е блиску до трансфер на „Стемфорд Бриџ“ е Рахим Стирлинг, за кого Челзи ќе плати 50 милиони фунти на Манчестер Сити.
Потоа раководството ќе се насочи кон засилување на одбраната, а Тухел сака да формира холандски тандем од Матијас де Лихт и Најтан Аке.
Преговорите со двајцата дефанзивци се во тек, а трансферите треба да изнесуваат повеќе од 100 милиони фунти.