Дома Трансфер зона Челзи тргнува по ѕвездата на Баерн!

Челзи тргнува по ѕвездата на Баерн!

Како што пренесува германскиот весник „Кикер“, англискиот шампион Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Конте сака значително да ја засили одбраната за следната сезона, а поради фактот што првата мета Леонардо Бонучи е тешко остварлива, италијанскиот стратег ќе се насочи кон други цели.

Имено, како што пренесува „Кикер“ на врвот на листата желби на „сините“ е германскиот репрезентативец Жером Боатенг.

Боатенг има договор до 2021 година со баварскиот гигант, но не е задоволен од статусот кој го има кај Карло Анчелоти, па е спремен да ја промени средината.

Сепак, Челзи ќе има тешка задача да го убеди Баерн, кој сигурно нема лесно да се откаже од својот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…