Дома Топ вести Челзи стави три ѕвезди на продажба

Челзи стави три ѕвезди на продажба

Челзи беше „крал“ на преодниот рок и потроши неверојатни 300 милиони евра за нови засилувања.

Пристинаа неколку големи засилувања, а секако фокусот е на Енцо Фернандез, кој стана најскапо засилување во историјата на Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со новите засилувања „сините“ и официјално ја започнаа реконструкцијата на тимот, замина Жоржињо, а Челзи е спремен на лето да продаде уште три големи ѕвезди.

Имено, Челзи е спремен да слушне понуди за Ковачиќ, Кулибали и Кристиан Пулишиќ, а вратата ќе му биде отворена и на Обамејанг.

Кулибали не се покажа како добро засилување, па „сините“ сакаат да вратат дел од вложената сума за него.

Ковачиќ и Пулишиќ пак влегуваат во последната година од договорот и Челзи сака да ги продаде на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул поворно не победи, Клоп и Салах се скараа🎥

Ливерпул и дефинитивно испадна од трката за титулата откако попладнево одигра само 2:2 на …