Дома Топ вести Челзи спреми нова понуда, Фофана станува најскап дефанзивец во историјата

Челзи спреми нова понуда, Фофана станува најскап дефанзивец во историјата

Челзи не се откажува од намерата до крајот на преодниот рок да го реализира трансферот на Весли Фофана од Лестер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сините“ се во потрага по квалитетен дефанзивец, а Фофана е примарна трансфер цел на Томас Тухел.

„Лисиците“ веќе одбија една понуда од 70 милиони фунти, но сега самиот фудбалер притиска за трансфер.

Новинарот Фабрицио Романо тврди дека Челзи спрема финална офанзива и е спремен да понуди 89 милиони евра, со што Фофана ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата.

Се верува дека Лестер ќе попушти на оваа понуда, бидејќи тоа е сумата што ја бара за слободата на дефанзивецот и трансферот ќе се реализира во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…