Дома Фудбал Челзи со триумф се врати после паузата

Челзи со триумф се врати после паузата

Челзи ја прекина лошата резултатска серија со победа против Борнмут во првиот меч после мундијалската пауза.

Избраниците на Потер покажаа дека добро им дошла паузата, па од самиот старт беа подобар противник на теренот.

„Сините“ победникот го решија во првото полувреме, а најзаслужен за тоа беше Каи Хаверц.

Во 16-та минута по асистенција од Стерлинг, Хаверц се најде на вистинското место и погоди за водство од 1-0.

Десетина минути подоцна Германецот му асистираше на Маунт за 2:0, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач здивна по долгите патувања: Дортмунд дома брка прекин на ремијата

Борусија го пречекува Ајнтрахт по три гостувања во низа. Традицијата е силно на нејзина ст…