Челзи во последните години троши огромни суми на трансфери, а последниот потег покажува дека нема намера да застане тука.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фабрицио Романо пишува дека лондонскиот клуб испратил понуда вредна 65 милиони евра за Естевао Вилијан, 17-годишниот крилен напаѓач на бразилски Палмеирас.
Палмеирас претходно ја одби понудата на Челзи од 57 милиони евра (32 фиксни + 25 бонуси), а доколку ја прифатат младиот Бразилец би станал најголемиот трансфер на играч од јужноамерикански клуб.
Актуелен рекордер е Ендрик, соиграчот на Вилијан од Палмеирас, чиј трансфер во Реал ќе се случи летово, а неговата вредност со бонуси е 60 милиони евра.