Дома Трансфер зона Челзи преговара со Халанд, но проблем е Раиола

Челзи преговара со Халанд, но проблем е Раиола

Раководството на Челзи ги започнало преговорите со Борусија Дортмунд за трансфер на Ерлинг Халанд, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според медиумите постојат шанси да го договорат трансферот, кој ќе изнесува 170 милиони евра. Дортмунд се уште тврди дека нема намера да се раздели со голгетерот, но желбата на Халанд е друга и тој сака да се пресели во клуб со поголеми амбиции.

Халанд веќе го направил својот избор и сака уште ова лето да се пресели во Премиер лигата во дресот на Челзи.

Проблем се и преговорите со неговиот агент Мино Раиола, кој инсистира во договорот да биде ставена и откупна клаузила. Англискиот клуб категорично го одбива тоа, па преговорите одат тешко во моментов, но добро за „сините“ е што Халанд сака да се пресели на „Стенфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…