Дома Трансфер зона Челзи почна преговори со Кулибали

Челзи почна преговори со Кулибали

Челзи спрема понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челзи е во потрага по квалитетен дефанзивец и до последниот ден од трансфер пазарот се обидуваше да го ангажира Жил Кунде од Севиља.

„Сините“ на лето готово сигурно ќе останат без Рудигер, па сакаат да донесат најмалку еден врвен дефанзивец, а Кулибали е на врвот на листата желби.

30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи и верува дека сега е вистинското време да направи чекор напред во кариерата.

„Сините“ стапиле во контакт со агентот на Сенегалецот и сакаат што побрзо да постигнат договор за да испратат понуда до Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…