Раководството на Челзи не планира да запира со засилувањата во зимскиот преоден рок, пренесуваат медиумите на Островот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Лондонскиот тим веќе потроши повеќе од 150 милиони евра за трансферите на Мудрик, Бадијачиле, Давид Фофана и позајмицата на Жоао Феликс.
Сега раководството на Челзи планира уште два трансфери, а станува збор за Мисес Каиседо и Леандро Тросар од Брајтон, кои се голема желба на менаџерот Потер.
Киседо веќе подолго време е на радарот на Челзи и Ливерпул и за неговата слобода Брајтон бара повеќе од 50 милиони фунти.
Тросар пак влезе во последната година од договорот и за него покрај Челзи интерес покажува уште и Тотенхем.