Челзи не се откажува од намерата да го доведе голманот на Интер, Андре Онана, пренесува „Газета дело Спорт“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Сините“ денес ќе испратат скаути во Милано за да го следат настапот на Онана во полуфиналето од Купот против Јувентус, а претходно ќе имаат средба со раководството на „нероаѕурите“.
Интер минатото лето го доведе Онана како слободен агент, а сега за неговата слобода бара 40 милиони евра.
Лондоскиот клуб му нуди трампа на Интер и го предложил Кепа Аризабелага плус 10 милиони евра за потписот на Онана.
Интер е спремен да го продаде Онана бидејќи тоа за клубот ќе биде чиста заработка, а познато е дека „нероатѕрите“ имаат финансиски проблеми.