Дома Топ вести Челзи го „краде“ Кавани пред носот на Атлетико

Челзи го „краде“ Кавани пред носот на Атлетико

Менаџерот на Челзи Френк Лампард сака да донесе искусен напаѓач во тимот, а англиските медиуми тврдат дека „сините“ покажуваат сериозен интерес за Едисон Кавани.

Лампард даде дипломатски одговор истакнувајќи дека во моментов има многу искусни напаѓачи на трансфер пазарот на кои може да  смета.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кавани е одличен фудбалер. Не сум запознаен со неговата ситуација и не сум сигурен како ќе се одвива сето тоа. Тој има искуство, но постојат и други играчи кои имаат искуство“, изјави Лампард.

Договорот на 32-годишниот напаѓач со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, но Кавани сака уште во јануари да ја промени средината.

Уругваецот има договор со Атлетико Мадрид, но „јорганџиите“ не можат да најдат заеднички јазик со ПСЖ околу обештетувањето, а таквата ситуација може да ја искористи Челзи.

Челзи наскоро ќе се ослободи од Оливие Жиру, кој ќе се пресели во Интер, па ќе има голем буџет за трансфери и може да ја плати бараната сума од ПСЖ за да го донесе Кавани на „Стенфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сари добил понуда од Шпанија, но ќе го чека Милан?

Oставката на Маурицио Сари кон средината на март беше изненадување за многумина. Сепак, ја…